Совети


Совети за негувана и здрава кожа

Доколку сакаме кожата да ни изгледа убава и сјајна во секое време, потребно е многу да се потрудиме околу тоа. Ординацијата „Дерма Плус“ ви препорачува дванаесет совети како да го постигнете тоа:

1. Спијте 7 до 8 часа секоја вечер за да овозможите целосна регенерација на енергијата и хранливите материи кои се содржат во дермата.
2. Бидете активни (спортувајте или шетајте) најмалку 20 минути во текот на денот за да бидете секогаш во топ форма.
3. Хранете се со производи и продукти кои се богати со антиоксиданси.
4. Користете крема за сончање со висок фактор како би ја заштитиле кожата од УВ индексот.
5. Употребувајте хидратантни креми кои во себе содржат антиоксиданси.
6. Користете производи кои содржат колаген и хиулоронска киселина.
7. Нанесувајте почесто крема на деловите од кожата кои што имаат тенденција почесто да се сушат, како на пример рацете, лактовите и др.
8. Внесувајте доволно количество вода во денот (најмалку 8 чаши) за да овозможите доволно вода и ослободување од слободните радикали
9. Намалете го процентот на јаглехидратите и мастите во исхраната и заменете ги со зеленчук и овошје
10. Се препорачуваат пилинг третмани на секои 15 дена за да се елиминираат токсините
11. Секоја вечер отстранувајте ја шминката за да може вашата кожа во текот на ноќта слободно да има внес на кислород
12. Придржувајте се кон овие совети континуирано и резултатите ќе бидат видливи

Поздрав!


Внимавајте при изборот на средства за чистење на кожата


Ова може да ви звучи чудно, но има големо влијание на вашата кожа во зависност од тоа дали е сува, масна или пак ги има потребните карактеристики, бидејќи средствата за чистење на кожата се поважни и од кремата за негување на лицето. PH неутрален сапун е идеален за чистење на лицето од прашината и нечистотијата која се наталожила на кожата во текот на денот. Со редовното чистење на лицето по напорниот ден избегнувате можност за појава на сува и болна кожа. По чистење на лицето, задолжително нанесете крема за нега на кожата. Ако користите одредени лекови за акни, тогаш почекајте најмалку 10 минути пред да нанесете друго средство, секако за да избегнете било каква иритација.


Природни влакна за топење на масните наслаги

Неодамнешните истражувања утврдиле дека внесувањето на растворливите влакна кои ги има во овошјето и зеленчукот дирекно влијаат кај намалувањето на масните наслаги околу стомакот и тоа: на 10 грама природни влакна телото ќе се ослободи од околу 4% на масти.Во комбинација со вежби резултатите неколкупати ќе се зголемат. Десетте грама од природните влакна се содржат во:

две јаболка
една шоља со малини
една шоља артичоки

Растителните влакна може да се најдат во шаргарепата, јагодите, овесната каша, кафеав ориз, грашакот, пченката, бадемите и др.


Сјајна и здрава коса


Косата е едно од најважните обележја кај жената, како одличен додаток на нејзиниот шарм и привлечност.
Меѓутоа за да биде тоа така, потребно е косата да биде здрава. Па затоа, во продолжение ви предложуваме неколку совети за нејзино правилно негување и одржување. За косата да биде секогаш средена, здрава и во кондиција потребно е да се има професионален алат. Под тоа подразбираме квалитетни чешли, четки, фенови за коса, пегла и фигаро.Четките е потребно да бидат изработени од природни влакна - избегнувајте пластика поради оштетувањето кое може да и се случи на косата. Косата е потребно да ја чешлате кога е сува, а ако тоа го правите кога е сеуште мокра користете гумени влакна, за да го спречите нејзиното истегнување и кинење. Кога е во прашање изборот на фен кој ќе го користите, секогаш изберете таков кој е со јонска технологија - брзо сушење на косата со половина помалку топлина. На овој начин влакната помалку се оштетуваат, пукаат ако редовно се фенирате. Трудете се редовно да ги потстрижувате врвовите на косата со динамика од два месеца или почесто ако редовно ја фенирате косата. Кога косата расте, врвовите се подложни на оштетувања и расцветување, давајки впечаток на несреденост и оштетување. Бидејќи севкупната убавина потекнува од внатрешноста на секоја индивидуа, ако сакате убава и здрава коса - потребно е да водите здрав начин на живот. Колку можете повеќе хранете се умерено и здраво избегнувајки стрес, повеќе со позитивни мисли, бидејќи начинот на кој го третирате сопственото тело директно влијае на вашиот изглед и на вашата коса. Конзумирајте повеќе свежо овошје, зеленчук и доволно внесувајте вода, бидејќи така на организмот и косата им овозможувате подобра хидратација.


Дијагноза и следење на бемки


Бемките и останатите пигментирани промени се секогаш повод за внимание и проверка независно од возраст или пол на пациентот. Преку редовна контрола на овие лезии се добива една слика за типот, еволуцијата и малигниот потенцијал на истите. Невуси, веруки, мелазми и останати пигментираните лезии се проверуваат со дерматоскопирање при што се дава евалуација за промената и нејзинити морфолошки и физиолошки карактеристики. Во Дермаплус дерматоскопирањето го врши лекар специјалист дерматовенеролог со повеќе од 25 годишно работно искуство во оваа област, при што вашите податоци се чуваат во папка за визуелна компарација на промената низ одреден временски период. Тајната на успешното лекување на малигните промени лежи во раната детекција на истите и навременот лекување.



Третман за лекување и отстранување на акни


Една од најчестите дијагнози во современата дерматологија, акните се хронични, воспалителни промени на фоликулите и лојните жлезди кои настануваат како резултат на запушување на  нивните пори од страна на себум и мртви кожни клетки. Третманот на оваа болест се лекува со комбинирана терапија која вклучува третмани на лицето за чистење на порите и нивните отвори, ласерски сесии за смирување на воспалението и препишување на лекарства кои ги помогнуваат овие претходно наведени процеси. Нашиот тим лекари се тука да ви помогнат во давањето на совет за менаџмент и превентивни мерки за состојбата на акните, кои во комбинација со примената на најсовремените третмани за нивно лекување, ви гарантираат дека проблемот ќе ви биде минато.


Отстранување на брадавици


Брадавиците се бенигни израстоци на кожата на одредени места на телото кои се јавуваат ради повеќе причини меѓу кои, пот, стрес, вирусни или габични инфекции, исхрана како и од останати надворешни но и внатрешни фактори. Третманот на брадавици во Дермаплус го сочинуваат аблација и остранување на истите со користење на апарат со радио-фреквенција, апарат за дозирање на течен азот, како и совет за превенција во вид на локална терапија и рутини во секојдневието.


Лекување на габични инфекции


Овие промени не се реткост но се доста карактеристични по изглед и тек и лесно се дијагностицираат. Најголем број од габичните инфекти се ‘’опортунисти‘‘ што во превод значи дека не предизвикуваат болест освен ако нема виден пад на локален или општ имунитет. Стресот како и некакви хронични имунолошки болести и терапии знаат да предизвикаат ваквите инфекции да станат активни и да предизвикаат заболување. Најчесто ги среќаваме на места каде има често потење и триење (ано-гениталната регија, стапала или грб). Дијагнозата на овие заболувања се постигнува со клинички преглед и преку гледање на нативен препарат под микроскоп а третманот оди со локална или пак со орална терапија. Лекувањето кај имунолошки здрави индивидуи оди брзо и без често рецидиви.


Третман на лице и тело

Секој човек посегнува по убавина и перфекција. Овие цели, благодарејќи на современата медицина и козметологија никогаш не биле подостапни. Во Дермаплус нудиме цел асортиман на третмани за лицето и телото со цел затегање, подмладување, чистење и белеење на кожата на овие целини со што младешкиот и здрав изглед ви е загарантиран. Дијамантската микродермоабразија, ласерската фоторејувенација, липолизата и мезотераписките третмани како дермапен и смарт-пилинзите ви гарантираат отстранување на имперфекциите на лицето и на телото во вид на флеки, брчки, бори, лузни од акни и стрии, но и за подмладување, потикување на колагенот и враќање на еластицитетот, мазноста и нежната боја кои се одлика на природната младешка кожа.


Дермални филери


Како еден од првите симптоми на стареењето е виснувањето на кожата на лицето и телото како резултат на атрогфија на природните масни перничиња и губењето на колагенот. Дермалните филери се хит помеѓу лекарите во естетската медицина и хиругија бидејќи претставуваат златен стандард во борбата со годините и каков ефект имаат врз нашата кожа. Тие се препарати на хијалуронска киселина кои го враќаат волуменот на вашето лице а со тоа и ги враќаат природните контури на лицето. Освен на лицето, хијалуронските филери наоѓаат примена и во волуменизација и на некои други делови од лицет. Една од најбараните хијалуронски третмани е зголувањето на усните. Преку апикацијата на хијалуронскиот препарат се зголемува волуменот и се добива на контур со што ги прави вашите усни да изгледаат по привлечно. Тимот на Дермаплус е сертифициран за работа и ракување со повеќе типови на хијалуронски филери за загарантиран позитивен резултат и максимална професионалност.


Ботокс


Препаратите на ботоксот се веќе 10 години златен стандард во борбата со брчките. Брз и ефикасен метод на решавање на оние несакани бори по челото, околу устата, околу очите како и за подигање на веѓите и врвот на носот. Освен тоа, ботоксот се аплицира и под пазувите за решавање на проблемот со прекумерното потење. За ваше максимално задоволство при работата и за загарантиран успех без несакани ефекти, тимот на ординацијата Дермаплус е сертифицирана за работа со ботксот и сите негови форми. Било какви прашања и консултации во врска со овој многу популарен метод се комплетно бесплатни и претпочитани за пациентите.


Ласерска епилација


Oвој метод на отстранување, од самите почетоци на адаптација на ласерскиот зрак за безопасно отстранување на несаканите влакна, се покажал како далеку по успешен, помалку болен, по хигиенски од стандрните методи на восочна или електрична депилација. Во нашата ординација ви го нудиме на располагање ласерскиот производ на германската фирма ASCLEPION, наречен MedioStarNeXT. Најбрз и најбезболен во својата конкуренција, со само неколку третмани успешно се решаваат сите несакани влакна по телото. Тимот на нашата ординација е обучен и сертифициран од самиот производител за успешно справување со индивидуалните разлики од пациент до пациент како и за максимална професионалност во работата.


Дијагностика и лекување на полово преносливи болести


Оваа категорија на заболувања ги вбројува ХПВ инфектите, хламидијата, сифилисот, гонореата, срамните вошки како и некои од потешките заболувања како ХИВ и СИДА. Доколку некој пациент се посомнева на некоја од овие набројани состојби поради појавата на симптоми како исцедок, непријатен мирис, болка при однос, промена на боја и текстури, болка при уринирање или чешање треба веднаш да се јави кај својот дерматолог. Најголемиот број на овие заболувања се локализирани во нивните рани фази и тука се лекуваат успешно со антибиотска терапија (освен ХПВ) и колку повеќе се пролонгира чекањето толку полоши се симптомите. Доколку имате некаков проблем од ваков тип, ве каниме во ординацијата Дермаплус за преглед каде нашиот дерматовенеролог Д-р Коста Цветковиќ би ви ги одговорил сите прашања во врска со темата  и ќе ја снабди потребната едкукација за понатамошна превенција и за спречување од реинфект/ширење со максимална професионалност и дискретност.

 

All for Joomla All for Webmasters