ДЕРМА ПЛУС
ДЕТСКИ ДЕРМАТОЛОШКИ ПРЕГЛЕД
Најчести болести на кожата во детската возраст се атописки дерматитис (егзема), инфекции на кожата (вирусни, габични или бактериски), васкуларни малформации и акни. Во случај да забележите какви било промени на телото на вашето дете, задолжително закажете преглед и посоветувајте се за дијагностика и лечење на кожните болести кои се појавуваат во детската и адолесцентската возраст.