ДЕРМА ПЛУС
ОТСТРАНУВАЊЕ НА БРАДАВИЦИ И КОЖНИ ИЗРАСТОЦИ
Третманот на брадавици го сочинуваат аблација и остранување на истите со користење на апарат со радио-фреквенција, апарат за дозирање на течен азот, како и совет за превенција во вид на локална терапија и рутини во секојдневието.
Една од основните алатки за отстранување на бенигните кожни израстоци е крио-боцата. Таа во себе содржи течен азот (-196 C°), кој има деструктивни карактеристики врз кожните израстоци. Ова е брза и ефективна метода и скоро безболна и неризична.
Софистицирана и незаменлива алатка за најпрецизно вадење и третман на кожни израстоци. Користи радио бранови концентрирани на многу мал врв за да произведе топлина, со која се горат и сечат секаков тип на кожни израстоци. Третманот на радиобранови е еден од најефикасните денес, кој овозможува отстранување на различни кожни израстоци на лицето и телото, со минимален ризик за појава на лузни, оштетувања на околната кожа, без крварење и болка после анестетикот.