+389 (0)2 2446 600 — [email protected]

Совети за изгореници од сонце

16 Nov 2018

Изгорениците од сонце се едни од најчестите патолошки промени на кожата. Евидентно почести во летниот период, овие промени настануваат нагло и одеднаш, само по неколку часа незаштитено изложување на сончевите УВБ зраци. Поради физичките својства, УВБ зраците не проаѓаат преку ткаенина или пак стакло, но проаѓаат преку вода така што...

izgorenici

Разликата помеѓу потемнувањето на тенот и изгореницата од сонце е интензитетот и изложеноста на кожата врз сончевиот спектрум. Иако посериозната опасност од мутагените својства на УВБ зрачењето е неутрализирана сепак не треба да се игнорира фактот што кожата е оштетена и бара нега од наша страна. Доколку веќе настанала изгореницата секогаш прв чекор е да се превентира понатамошна експозиција и да се пристапи кон третманот на истата со соодветна фармаколошка терапија. Во овој случај тоа не се апчиња или некои инјективи туку станува збор за креми со репаративно и исхранително дејство.
Патолошките карактеристики на изгорената кожа воглавно се во правец на дехидратација и губиток на вода што значи дека во својот состав кремите треба да имаат хидратантни состојки како и елемнти кои би ја нахраниле истата со градбен материјал за да се неутрализира оштетата и да почне побрзо да закрепнува. Освен овие материи, против–воспалителни состојки се неопходни за да се смири и имунолошкиот одговор на телото кон изгореницата и со тоа да се даде соодветна „основа“ за заздравување.
Најдобар начин за избегнување на изгореници од сонце е да се превенира нивното настанување. Тоа најдобро се прави со нанесување на креми кои содржат SPF или заштитен фактор од сонце. Овие креми се со различен интензитет и треба да се користаат соодветно регијата која е изложена на зрачење. Појаките креми се користат за најосетливите регии како лицето, вратот и рамениците а останатите, релативно послаби креми, да се користат за пространите регии од телото како на пример раце, труп и нозе. Иако ова е некоја основа, секогаш треба да се преферира посилен фактор и истиот да се користи редовно и почесто во текот на целиот ден. Има некое непишано правило за употреба кое вели дека бројката на SPF кремите отприлика го означува временскиот интервал на колку треба да се нанесе повторно истата, но ова не е секогаш точно и зависи од јачината на сонцето, регијата на која се мачка како и претходниот тен на кожата.
Освен креми, постојат и маици како и костими за капење кои во себе имаат одреден фактор на заштита и тие силно ги препорачуваме, бидејќи се попрактични од кремите поради неизоставниот факт дека тие треба редовно да се премачкуваат. Секако, дебелата сенка и избегнувањето на сонцето во периодот од 11 до 16 часот во еден летен ден се неизоставен дел од заштитата од појава на сончево изгореници. Најголемата грешка кој често се практикува е да се изложи веќе соларно оштетена кожа пак на сонце. Со ова се зголемува шансата за појава на меланом како и на дурги карциноми на кожата кои се воедно и најчестите несакани ефекти од хроничното сончање.

Scroll to Top
Scroll to Top