5 работи кои треба да ги знаете за брадавиците
16 Nov 2018
Брадавици се бенигни промени на површината на кожата кои растат егзофитично (према надвор) и кои најчесто се јавуваат како резултат на ХПВ инфекција. Настануваат како резултат на пореметување на метаболизмот на кожата од страна на вирус кој се манифестира со локализиран брз раст на клетките на дермисот.
Постојат повеќе видови брадавици
Секој вид брадавици има посебно име, односно латински назив според својот изглед. Најбитните две групи се веруките и папиломите.
Не се опасни по здравјето, но треба да се внимава со нив
Брадавиците сами по себе се асимптоматски и бенигни но можат при дразби да добијат поагресивен карактер и да манифестираат клиничка слика од типот на јадеж, црвенило, болка, пецкање, крварење или пак да се прошират експоненцијално.
Во принцип се само естетски проблем но некои од нив (кондиломите) се прекурзор за појавата на CIN.
Брадавиците најчесто се јавуваат на интертригинозните регии на телото
Брадавиците се јавуваат на интертригинозните регии на телото каде е влажно, топло и каде има доста триење за да се направат микро-врати низ кои вирусната честичка може да навлезе и да се размножи.
Брадавиците се преносливи
Сексуалниот контакт е главен вектор за пренос на ХПВ вирусот кај појавата на кондиломите, но каков било контакт на влажна кожа со вирусни честички може да го има истиот исход (врат, под пазуви, кај препони). Станува збор за различни типови на ХПВ вирус, но начинот на пренос и манифестација е секогаш тој.
Можат да се отстрануваат
Третманот е радикално отстранување на промената преку концентриран РФ сигнал, криотераписки со течен азот или пак во драстични случаи се оди и хируршки. Не постојат лекови за консумирање, но постојат креми кои го модулираат локалниот имунитет и кој може да помогне заедно со претходно споменатите методи да ги отстрани и да ги смири за долго време.