Дали дамките кои се појавуваат на кожата се опасни
16 Nov 2018
Пегите и дамките од сонце се бенигни промени кои се јавуваат како резултат на УВ зрачењето од сонцето и неговото влијание врз меланоцитите. Два фактора се секогаш во игра, а тоа се генетски предиспозиции и сончеви УВ зраци. Тоа зависи од интензитетот на експозицијата на сонце (хронично/акутно) и од комплексот...
Дамките и пегите најчесто се појавуваат на лицето и на сите останати фотоеспонирани делови на телото. За вродените дамки и хиперпигментации нема одредено правило.
Оние личности кои имаат пеги или пак се склони кон пегавост, немаат многу избор и секоја изложеност на сонце може да предизвика зголемување на нивниот број. Доколку спаѓате во оваа група на луѓе, тогаш е задолжително да користите фактор за заштита од сонце. За флеките од сонце важи истиот алгоритам, но доволно е само да се прави навремена заштита за време на интензивните летни периоди, кога зрачењето е најсилно.
Не се препорачува земање лекарства на своја рака, поради тоа што токму таквото користење може да ги создаде несакание флеки или да ги интензивира веќе постоечките. Важна е консултација и советување со лекат. На пазарот постојат разноразни препарати кои упорно се посочуваат како ефикасни, но ова е деликатна проблематика и потребни се точно одредени терапевтски мерки за решавање. Понекогаш, промените можат да бидат интензивни, па не можат да помогнат ни стандардните методи и во тие ситуации е потребно клиничко внимание. Овие случаи се поретки и се сметаат за куриозитет.