+389 (0)2 2446 600 — [email protected]

Дознајте што го предизвикува црвенилото на вашата кожа

16 Nov 2018

Во областа на дерматологијата, симтомот на пруритус (народски чешање), е чест и неспецифичен симптом кој го поврзуваме со многу кожни патологии. Тој се јавува при разни воспаленија, при одреден кожни хроницитети (псоријаза, лихен…), при алергии и при некои инфекции како паразитарните.

crvenilo

Во вашиот конкретен случај, мораме да ја земеме локализацијата на пруритусот, но мораме да земеме и предвид дали тој пруритус е пратен со некакви видливи кожни промени. Обликот на тие кожни промени може да нѐ упати во одреден правец и да помогне во конечната дијагноза. Доколку се присутни, од огромна важност ни е каква е нивната форма, дали се над ниво на кожа или пак се во ниво на кожата, дали ги афектира фоликулите од влакната, дали е пратено со црвенило, со некаков исцедок, дали има пликови со течност и слично.
Најчест причинител за овој тип на проблематика, во праксата, се покажала алергиската компонента на некој конкретен материјал или пак комбинација од материјалот со потта, стресот, разни креми и лосиони. Но, исто така, овие проблематики се поврзуваат и со појава на јасно видлив, црвен, локализиран, ситен осип по оние места на контакт. Во тие случаи, пациентите се подобри лекари од самите лекари со тоа што го наоѓаат проблемот односно иритантот и го избегнуваат. Симптомите непосредно по тоа прекинуваат и при водење грижа за превенција, никогаш повеќе не се јавуваат. Терапијата при иритативните дерматити обично е симптоматска, тоа значи дека се решаваат симптомите, а не директно причинителот. Во овој конкретен случај се препорачува некаков антихистаминик (Loratadin, Nixar, Aerius), еднаш на ден, во износ од 10 дена и тоа го решава проблемот со чешањето коа знае многу да влијае на секојдневието.
Друг причинител за овие симптоми може да е и премногу сувата кожа. Поради снижување на температурите во овие период, сѐ повеќе надворешна топлина се принесува до кожата, но исто така и сѐ потопли тушеви се практикуваат кои, за жал, делуваат дехидратантно и се гледаат видливи знаци на сувост во региите кои ги опишавте. Лек во овој случај е користењето на средства за лична нега кои ја враќаат природната влага во кожата, а со тоа се решава и проблемот со пруритусот кој е чест пратеник на сувоста.
Доколку овие совети не ви соодвествуваат на вашата проблематика или пак не се пронајдовте во горенапишаното, тогаш индициран е по детален преглед и разговор, со што би добиле повеќе информации, а со тоа и би стигнале до крајната цел – отсуство на нелагодните симптоми!

Scroll to Top
Scroll to Top