+389 (0)2 2446 600 — [email protected]

Сѐ што треба да знаете за бемките

16 Nov 2018

Бемките претставуваат бенигни промени по кожата на луѓето, кои настануваат како резултат на групирање на меланоцити (пигментни клетки) при самото раѓање или подоцна, во текот на животот. Може да настанат како резултат на сончева експозиција или пак да се групација на микро крвни садови или пак да се вродени промени...

bemki

Дали бемките се опасни?
Бемките можат да бидат бенигни или малигни. Во однос на малигноста постојат многу сериозни форми на невуси кои треба да се дијагностицираат исклучиво од страна на лекари специјалисти во таа област но за среќа многу се помалку застапени за разлика од оние комплетно безопасни бенигни бемки по кожата кои се ништо друго освен естетска проблематика. Како и да е, ние како дерматолози мораме да ги поддучуваме нашите пациенти да бидат редовни со прегледи и контроли на сомнителните бемки. Како што е нормално да се оди на забар за контрола на забите исто треба да важи и за кожата и нејзините промени.
Кога е потребно отстранување на бемката и дали тоа е опасен процес?
Некои бемки мора да се отстранат поради нивната агресивна природа. Тие се малигни или пре-малигни форми кои мораат да се тргнат оперативно поради здравствени причини, а сите останати бенигни бемки (невуси) може и да не се оперираат бидејќи претставуваат само естетски проблем без здравствени импликации. Во принцип пациенти се решаваат за такви микро оперативни зафати на лицето многу почесто отколку на телото или други не-експонирани делови.
При отстранување на бемката не постои никаква опасност. Единствената последица е минимална лузна на местото каде бил резот, каде прскано било со азот или пак каде е работено со РФ апарат. За да стигнеме до фаза на отстранување најпрвин треба да се постави дијагноза и да сме сигурни дека е безбедно за работа. Тоа обично се постигнува со специјалзирана апаратура наречена дермоскоп или пак ако тоа е неубедливо тогаш се вади мало парче и се препраќа на хистопатолог кој микроскопски ќе ја утврди природата на бемката.
Дали е безбедно самоотстранување на бемките?
Постојат многу видеа и текстови кои зборуваат за самоотстранување на бемките, но тоа не смее да се прави во ниеден случај. Ниедна бемка не смее да биде извадена од непрофесионалец, односно од лице кое не е специјалист во таа област (дерматолог и пластичен хирург). Последиците може да се големи и тука вклучуваме хипертрофични лузни, депигментации и најлошото метастази или релапси на малигните форми.

Scroll to Top
Scroll to Top