ДЕРМА ПЛУС
ДИЈАГНОСТИКА И ЛЕКУВАЊЕ НА ПОЛОВО ПРЕНОСЛИВИ БОЛЕСТ
Како полово преносливи болести може да се набројат ХПВ инфекциите, хламидијата, сифилисот, гонореата, срамните вошки, како и некои од потешките заболувања како ХИВ и СИДА. Доколку некој пациент се посомнева на некоја од овие набројани состојби поради појавата на симптоми како исцедок, непријатен мирис, болка при однос, промена на боја и текстурa, болка при уринирање или чешање, тогаш задолжително е закажување на преглед. Најголемиот број на овие заболувања најдобро е да се локализираат во нивните рани фази за да се постигне успешно лекување со антибиотска терапија (освен ХПВ). Исто така, при овие прегледи се нуди потребната едукација за понатамошна превенција и спречување од реинфект-ширење на заболувањето.