
ДЕРМА ПЛУС
ТРЕТМАН ПРОТИВ БРЧКИ
Ботоксот е природен протеин кој се инјектира без посебни операции, а неговата цел е да ги отстрани брчките од лицето и вратот. Тој се аплицира во мали количини, кои по аплицирањето се врзуваат за рецепторите и ја блокираат работата на одредени мускули. Процесот на аплицирање трае од околу 10-15 минути, во зависност од тоа колку е потребно брчките да се третираат. Максималното дејство започнува 7-10 дена по третманот, а потоа трае околу 4-8 месеци.
Ботоксот може повремено да ги намали или избрише линиите на челото, како и оние брчки околу очите. Исто така, ги подигнува аглите на усните и веѓите и помага за проблематичниот изглед на брадата и вратот.
Одличен, безболен и брз третман за затегнување на кожата во критичните делови на лицето. Најбезбеден начин за пополнување на брчките, без оштетување на мускулите и надополнување на хијалуронската киселина, како најважна компонента во кожата за млад, свеж и убав изглед. Дермалните филери се биоразградливи и со третманите може да се почне од 25-тата година.
Дермалните филери се употребуваат за нагласување или надокнадување на волуменот на лицето, а со тоа ги исправуваат контурите на одредени делови.
Ова е уникатен и револуционерен метод за отстранување на брчките и враќање на контурите на лицето, без хируршка интервенција. Плазмалифтинг гелот се добива од сопствената плазма на пациентот.
Благодарение на неговото природно потекло, третманот со плазмолифтинг гел не предизвикува контраиндикации, алергиски реакции или други несакани последици. Периодот на закрепнување е краток, ефектот долготраен, а слободно може да се комбинира и со други козметички и естетски постапки.
Едноставна и брза техника за разубавување на телото и кожата. Со дермаролерот се поттикнува лачењето на колаген и еластин, а по само неколку третмани брчките на лицето почнуваат да исчезнуваат и кожата повторно станува млада, здрава и убава. Дермаролерот длабински навлегува во кожата со ситни иглички и стимулира создавање на нов слој на колаген, па така брзо, безболно и едноставно се отстрануваат брчките и неправилностите на кожата.
Плазма Пен е ефикасен третман на брчките над устата и целото лице, како и подигнување и зацврстување на опуштената кожа. Овој третман се смета за најиновативен, бидејќи ја стимулира регенерацијата на кожата и создавањето на колаген и еластин, а резултатите се веднаш видливи.
Мезотерапијата претставува метод на регенирирање на кожата и враќање на нејзиниот сјај и еластичност. Целта на мезотерапијата е зголемување на активноста на фибробластите, односно зголемување на лачењето на колаген, еластин и хијалурон во кожата, како и апликација на активните состојки неопходни за здрав и млад изглед. Со редовни третмани се намалуваат брчките и се подобрува тонусот на кожата.
