ДЕРМА ПЛУС
ТРЕТМАН ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСА
Третманот опфаќа мезотерапија, која е идеална за ревитализација на скалпот и раст на нови влакна. Мезотерапијата е безбеден, едноставен, научно докажан метод за повторен раст на косата, а во некои случаи може и да ја елиминира потребата од трансплантација на коса. По само неколку третмани, косата е густа, сјајна и зајакната.
Процесот е речиси безболен, а отоците ги снемува за неколку часа. Веќе по првите неколку третмани забележувате видлива разлика. Скалпот е нахранет и ревитализиран, а растот на косата од ден на ден се повеќе се зголемува. Терапијата е индивидуална за секој пациент и со претходно утврдената состојба на кожата, се аплицира соодветна доза хијалуронска киселина, витамини, минерали и антиоксидански средства.