ДЕРМА ПЛУС
ТРЕТМАН ПРОТИВ ПРЕКУМЕРНО ПОТЕЊЕ
Третманот против прекумерно потење се прави со ботокс терапија, која помага во контролирањето на хиперхидрозата или прекумерното потење, на тој начин што времено ги блокира хемиските сигнали од нервите што ги стимулираат потните жлезди. Кога потните жлезди не ги примаат хемиските сигнали, екцесивното потење престанува.
Третманот трае од 10 до 15 минути. Мала количина на разреден ботокс се инјектира плитко во третираната пазува преку многу тенка игла.