
ДЕРМА ПЛУС
ТРЕТМАН ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ
Плазмолифтинг гелот се добива од сопствената плазма на пациентот. Може да се користи на секоја возраст со единствена цел - да се забави процесот на стареење. Оваа техника на биостимулација може да ги намали површинските брчки и да ја подобри еластичноста и текстурата на кожата. Одлична е за третирање на региите околу очите, образите, вратот, деколтето.
Од останатите третмани се разликува по тоа што може да се користи и на најчувствителните делови од лицето, стимулирајќи ја регенеративната моќ на ткивата.
Терапијата се прави токму преку тромбоцитите од сопствената крв на пациентот, за да ги стимулира матичните клетки да создаваат нов колаген. Со помош на оваа постапка на природен начин се поттикнува регенерацијата на ткивото на лицето, брчките се ублажуваат и се подобрува тонусот на кожата. Кожата добива повеќе кислород, хранливи материи и подобрена хидрација. Продукцијата на колаген се стимулира со што структурата на кожата станува глатка, еластична и затегната. Ефектот после секој нареден третман дава сѐ подолго видливи резултати.
Одличен, безболен и брз третман за затегнување на кожата во критичните делови на лицето. Најбезбеден начин за пополнување на брчките, без оштетување на мускулите и надополнување на хијалуронската киселина, како најважна компонента во кожата за млад, свеж и убав изглед. Дермалните филери се биоразградливи и со третманите може да се почне од 25-тата година.
Едноставна и брза техника за разубавување на телото и кожата. Со дермаролерот се поттикнува лачењето на колаген и еластин, а по само неколку третмани брчките на лицето почнуваат да исчезнуваат и кожата повторно станува млада, здрава и убава. Дермаролерот длабински навлегува во кожата со ситни иглички и стимулира создавање на нов слој на колаген, па така брзо, безболно и едноставно се отстрануваат брчките и неправилностите на кожата.
Мезотерапијата претставува метод на регенирирање на кожата и враќање на нејзиниот сјај и еластичност. Целта на мезотерапијата е зголемување на активноста на фибробластите, односно зголемување на лачењето на колаген, еластин и хијалурон во кожата, како и апликација на активните состојки неопходни за здрав и млад изглед. Со редовни третмани се намалуваат брчките и се подобрува тонусот на кожата.
