+389 (0)2 2446 600 — [email protected]

ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ И АКНИ

znak derma1

ДЕРМА ПЛУС

ТРЕТМАНИ ЗА ЛИЦЕ И АКНИ

Дијамантска микродермоабразија

Третман за регенерирање на кожата и против акни, брчки, хиперпигментација и кератоза. Дијамантската микродермоабразија се смета за најпопуларен третман за разубавување во светски рамки. Со овој третман се елиминира горниот мртов слој на кожата и резултира со здрав, подмладен и мазен изглед и кожа блескава како дијамант. Методот е безболен, без ризик од алергии и лузни и не е потребно време за опоравување.

Хемиски пилинг

Хемискиот пилинг ја подобрува текстурата на кожата, ги измазнува брчките, ја избледува иперпигментациите,  ги отстранува лузните, акните и другите оштетувања на лицето. Овој третман спаѓа во минимално инвазивните медицински третмани, кој со помош на внимателно одбрана хемикалија го подобрува изгледот и квалитетот на кожата. Иако најчесто се користи за лицето, може да се користи и за подобрување на состојбата на кожата на вратот, рацете, како и за третман на проблематичните зони на целото тело.

Ензимски пилинг

Ензимскиот пилинг ефикасно ги отстранува мртвите клетки и прави длабинско чистење на кожата. Со овој третман се намалува видливоста на флеките и отворените пори, се редуцира масноста на кожата и се отстрануваат другите неправилности.

ПРЕД ПОТОА
znak derma1
Scroll to Top
Scroll to Top