ТРЕТМАН ЗА СЛАБЕЕЊЕ
Третман со помош на липолиза
Безболен третман за топење и отстранување на несаканите масни наслаги. Липолизата е метод кој видливо помага во оформување на телото, го намалува обемот, отстранувајќи ги маснотиите и целулитот, каде што е потребно. Оваа медицинска процедура најчесто се применува на стомакот, колковите, бутините, задникот и подбрадокот. Липолизата вклучува директно вбризгување на коктели во масното поткожно ткиво, што доведува до неговата постојана деградација. Самата процедура вклучува употреба на тенки игли во целниот регион и не трае повеќе од 20-30 минути.