

Прим. д-р Коста Цветковиќ
Д-р Коста Цветковиќ е примариус и специјалист дерматовенеролог со долгогодишно искуство во областа на медицината. По завршувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, се специјализирал за дерматовенерологија, а своето образование постојано го надградува преку учество на бројни интернационални семинари и конгреси.
Има значајно искуство во работењето како шеф на оддел за сексуално преносливи болести при Клиника за кожни и венерични болести. Во својата кариера бил и професор по хигиена во средно училиште, како и асистент на Клиника за дерматовенерологија.
Дополнително, д-р Цветковиќ се дообразувал на реномираниот Saint-Louis Hospital во Париз, Франција, каде што се усовршувал на одделот за кожни и венерични болести. Овој престој му овозможил директен контакт со најсовремените методи на дијагностика и третман во дерматологијата, што значително го збогатило неговото професионално искуство.
Покрај дерматовенерологијата, тој активно се усовршува во областа на естетската медицина. Со учество на бројни локални и интернационални конгреси, семинари и стручни обуки, стекнува експертиза во естетските процедури, вклучувајќи дермални филери, ботокс и иновативни методи за подмладување на кожата. Овие знаења му овозможуваат да понуди висококвалитетни третмани прилагодени на потребите на секој пациент.
Д-р Цветковиќ е коавтор на учебник по дерматовенерологија и прирачник за сексуално преносливи болести. Тој е, исто така, член на Основачкиот Одбор на Здружението за Естетска Медицина (ЗЕМ), каде што активно придонесува за развојот и унапредувањето на оваа медицинска гранка во Македонија.
Денес, тој работи како специјалист дерматовенеролог и примариус во ПЗУ Дерма Плус, каде што со посветеност и индивидуален пристап им овозможува на своите пациенти најсовремени третмани за здрава и негувана кожа.
Спец. д-р Тихомир Цветковиќ
По завршувањето на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, д-р Тихомир Цветковиќ се специјализирал за дерматовенерологија на ЈЗУ Универзитетска Клиника за дерматологија – Скопје. Тој е искусен дерматовенеролог со долгогодишна пракса и континуирана едукација во областа на дерматологијата.
Неговиот професионален развој вклучува активно учество на бројни светски конгреси и научни симпозиуми за дерматологија, како што се Европскиот конгрес за дерматологија и венерологија (EADV), IV Конгрес на Здружението на дерматовенеролози на Црна Гора, 24th World Congress of Dermatology (WCD2019) и Белградските дерматолошки денови (Belgrade Dermatology Days) и многу други.
Дополнително, се усовршувал во областа на дермоскопијата преку специјализиран курс организиран од Derma Medical Systems, под водство на реномираниот експерт Giuseppe Argenziano, MD, од Универзитетот во Кампанија.
Со посветеност кон најновите медицински достигнувања и персонализиран пристап кон секој пациент, д-р Цветковиќ нуди врвна грижа во дијагностицирањето и третманот на кожните и венеричните заболувања.
останати медиуми

Нега на машката кожа и коса: Моемвриски потсетник
Ласерска епилација: Зошто есента е совршен период?
Ласерско отстранување на пукнати капилари и проширени вени
Егзозоми и Дермапен во естетската дерматологија
Најчести дерматолошки состојби кај деца
Дерматолошки итни случаи во лето
Почнете на време: воведете рутини против брчките уште сега
Како да ја забавите појавата на бели влакна
Сѐ што ви треба за блескава кожа е само една состојка!
Зошто треба да се посети дерматолог?
простории
