Identity
Дали дамките кои се појавуваат на кожата се опасни
By admin |
Пегите и дамките од сонце се бенигни промени кои се јавуваат како резултат на УВ зрачењето од сонцето и неговото влијание врз меланоцитите.
Два фактора се секогаш во игра, а тоа се генетски предиспозиции и сончеви УВ зраци. Тоа зависи од интензитетот на експозицијата на сонце (хронично/акутно) и од комплексот на кожата (тенот). Светлата кожа е многу поподложна од потемните типови.
Read More Совети за изгореници од сонце
By admin |
Изгорениците од сонце се едни од најчестите патолошки промени на кожата. Евидентно почести во летниот период, овие промени настануваат нагло и одеднаш, само по неколку часа незаштитено изложување на сончевите УВБ зраци. Поради физичките својства, УВБ зраците не проаѓаат преку ткаенина или пак стакло, но проаѓаат преку вода така што митот дека во вода не се гори е крајно погрешен. Во суштината на патогенезата на изгореницата е нормален одговор на меланоцитите, кои се прв одговор на кожата при контакт со УВБ, неутрализирајќи ги јонизирачките ефекти и преку совојот метаболизам претварајќи ги во помалку штетни топлотни ефекти кои на крајот од тој циклус резултираат со појава на изгореница.
Read More Дознајте што го предизвикува црвенилото на вашата кожа
By admin |
Во областа на дерматологијата, симтомот на пруритус (народски чешање), е чест и неспецифичен симптом кој го поврзуваме со многу кожни патологии. Тој се јавува при разни воспаленија, при одреден кожни хроницитети (псоријаза, лихен...), при алергии и при некои инфекции како паразитарните.
Read More 5 работи кои треба да ги знаете за брадавиците
By admin |
Брадавици се бенигни промени на површината на кожата кои растат егзофитично (према надвор) и кои најчесто се јавуваат како резултат на ХПВ инфекција. Настануваат како резултат на пореметување на метаболизмот на кожата од страна на вирус кој се манифестира со локализиран брз раст на клетките на дермисот.
Read More Сѐ што треба да знаете за бемките
By admin |
Бемките претставуваат бенигни промени по кожата на луѓето, кои настануваат како резултат на групирање на меланоцити (пигментни клетки) при самото раѓање или подоцна, во текот на животот. Може да настанат како резултат на сончева експозиција или пак да се групација на микро крвни садови или пак да се вродени промени кои настанале за време на гестацијата. Некои од нив ги носиме со нас цел животен век, а некои се јавуваат за многу кратко време и претставуваат сериозен здравстен проблем.
Read More Што претставува атопискиот дерматит и како може да се третира
By admin |
Атописки дерматит претставува хронично, воспалително, повторувачко (рекурентно) заболување на кожата кое се карактеризира со црвенило и субјективно чувство на силен јадеж. Друго име карактеристично за оваа болест е екзема, но овој термин кај народот почесто е асоциран со појава на истите симптоми по рацете. Во повеќе од 90% првите симптоми настануваат во првата година од животот, а кај 75% до третата година од животот. Во однос на половата застапеност, жените имаат поголема шанса да развијат атопија отколку мажите
Read More