+389 (0)2 2446 600 — [email protected]

Author name: admin

Дали дамките кои се појавуваат на кожата се опасни

Пегите и дамките од сонце се бенигни промени кои се јавуваат како резултат на УВ зрачењето од сонцето и неговото влијание врз меланоцитите.
Два фактора се секогаш во игра, а тоа се генетски предиспозиции и сончеви УВ зраци. Тоа зависи од интензитетот на експозицијата на сонце (хронично/акутно) и од комплексот на кожата (тенот). Светлата кожа е многу поподложна од потемните типови.

Дали дамките кои се појавуваат на кожата се опасни Прочитај повеќе »

Совети за изгореници од сонце

Изгорениците од сонце се едни од најчестите патолошки промени на кожата. Евидентно почести во летниот период, овие промени настануваат нагло и одеднаш, само по неколку часа незаштитено изложување на сончевите УВБ зраци. Поради физичките својства, УВБ зраците не проаѓаат преку ткаенина или пак стакло, но проаѓаат преку вода така што митот дека во вода не се гори е крајно погрешен. Во суштината на патогенезата на изгореницата е нормален одговор на меланоцитите, кои се прв одговор на кожата при контакт со УВБ, неутрализирајќи ги јонизирачките ефекти и преку совојот метаболизам претварајќи ги во помалку штетни топлотни ефекти кои на крајот од тој циклус резултираат со појава на изгореница.

Совети за изгореници од сонце Прочитај повеќе »

Дознајте што го предизвикува црвенилото на вашата кожа

Во областа на дерматологијата, симтомот на пруритус (народски чешање), е чест и неспецифичен симптом кој го поврзуваме со многу кожни патологии. Тој се јавува при разни воспаленија, при одреден кожни хроницитети (псоријаза, лихен…), при алергии и при некои инфекции како паразитарните.

Дознајте што го предизвикува црвенилото на вашата кожа Прочитај повеќе »

5 работи кои треба да ги знаете за брадавиците

Брадавици се бенигни промени на површината на кожата кои растат егзофитично (према надвор) и кои најчесто се јавуваат како резултат на ХПВ инфекција. Настануваат како резултат на пореметување на метаболизмот на кожата од страна на вирус кој се манифестира со локализиран брз раст на клетките на дермисот.

5 работи кои треба да ги знаете за брадавиците Прочитај повеќе »

Сѐ што треба да знаете за бемките

Бемките претставуваат бенигни промени по кожата на луѓето, кои настануваат како резултат на групирање на меланоцити (пигментни клетки) при самото раѓање или подоцна, во текот на животот. Може да настанат како резултат на сончева експозиција или пак да се групација на микро крвни садови или пак да се вродени промени кои настанале за време на гестацијата. Некои од нив ги носиме со нас цел животен век, а некои се јавуваат за многу кратко време и претставуваат сериозен здравстен проблем.

Сѐ што треба да знаете за бемките Прочитај повеќе »

Scroll to Top
Scroll to Top